- ✓ Плаќаш за друг систем? Ќе ти ја понудиме ИСТАТА цена.
- ✓ По пилотот — од 29 € месечно.
Ресторански POS
што е само твој.
Тефтер ги поврзува нарачките, резервациите, менито, пописот и сè друго што ти е потребно за твојот локал во еден интерфејс — без месечни сметки за функции што не ги користиш. Бараш нешто специфично? Го градиме за тебе.
Работи локално на твојот сегашен хардвер, или целосно на cloud. Нема потреба од нов хардвер, но доколку си нов во угостителството нудиме и целосно решение.
Дојди со ризик нула.
Излези со POS што е твој.
Тефтер е во пилот фаза — го градиме заедно со првите ресторани и барови. Четири обврски што ги имаме кон тебе ако се одлучиш да го пробаш.
2 месеци бесплатно
Целосна инсталација, целосна обука, целосна поддршка. Без месечна сметка за првите два месеци додека одлучиш дали Тефтер е за тебе.
Работи на твојот постоечки компјутер
Не треба да купуваш нов POS, нови таблети или нов принтер — Тефтер работи на компјутерот што веќе го имаш. Ако тукушто отвораш ресторан, можеме да обезбедиме целосен систем.
Функции по твое барање
Сакаш интеграција со конкретен фискален уред? Извештај со посебен пресек? Поглед прилагоден за твојата кујна? Го градиме за тебе во овие два месеци.
Исти услови како твојот постоечки систем
Ако сакаш да продолжиш по пилотот, цената што ја плаќаш кај твојот сегашен POS — Тефтер ја прифаќа. Без скриени трошоци, без долгорочни договори. За нови бизниси, цените ги кроиме заедно со тебе.
Без обврска. Ти се јавуваме за да договориме термин.
Следи сѐ —
во живо.
Следи го целиот локал директно од телефон, каде и да си. Заштитено со пристапен код, се ажурира автоматски.
- Сѐ за локалот, на едно место
- Ажурирано во реално време
- Заштитено со пристапен код
- Од телефон, од каде било
Сè што ти треба за да го водиш ресторанот — во еден систем.
Од отворање на смена до затворање на касата. Тефтер ги покрива операциите што ти се потребни секој ден, без да ти наплаќа за оние што не ти се.
Сè што ти треба — групирано и уредено за најбрза и ефективна работа.
Избери тема и разгледај ги екраните. Сите се од вистинскиот систем, не макети.
Едно работно место, повеќе начини на работа — распоред, грид или киоск. Нарачката се отвора со еден тап, но и целосна поддршка за „стариот“ начин на работа со шифри и тастатура.
Категории, подкатегории, пребарување и брзо додавање.
Целиот POS — во џебот на келнерот.
Истиот систем на телефон или таблет. Келнерот зема нарачки директно од масата, менаџерот гледа резервации и прави раздолжување.
- Нарачки директно од масата
- Резервации и распоред во рака
- Каса и раздолжување
- Истиот систем на телефон и таблет
Детали што прават разлика
Често поставувани прашања
Колку чини програма за ресторани (POS систем)?
Првите 2 месеци се бесплатни — целосна инсталација, обука и поддршка. По пилотот ја прифаќаме цената што веќе ја плаќаш кај твојот сегашен доставувач, без скриени трошоци и без долгорочни договори. (Познато и како „programa za restorani" или „POS sistem za restorani".)
Дали Тефтер работи со фискален принтер и издава фискални сметки?
Да. Тефтер се поврзува со фискални принтери и издава фискални сметки усогласени со барањата на УЈП. Ако веќе имаш фискален уред, го користиме него — нема потреба од нов. (fiskalen printer, fiskalna kasa za restoran.)
Дали ми треба нов хардвер?
Не. Тефтер работи на компјутерот што веќе го имаш и на Android таблет — без купување нов POS терминал. Ако тукушто отвораш локал, можеме да обезбедиме целосен систем.
Што е QR мени со нарачување?
Гостите скенираат QR-код на масата, го гледаат менито на телефон и нарачуваат — нарачката паѓа директно во POS-от кај келнерот. (QR meni za restoran, digitalno meni.)
Дали работи локално, без интернет?
Да. Тефтер е локална инсталација и работи и без интернет. Интернет е потребен само за QR менито и далечинската поддршка.
За какви објекти е наменет Тефтер?
За ресторани, кафе-барови, барови, пицерии и брза храна — секаде каде што треба брза нарачка, попис на залиха, распоред на смени и фискални сметки во еден систем. (POS za kafe i bar, softver za ugostitelstvo.)
Закажи демонстрација за твојот ресторан.
Доаѓаме на лице место, ти го инсталираме Тефтер и заедно ги поминуваме твоите потреби. Без такси за демонстрацијата.